| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните бараат оставка од Спасовски – масовен протест пред МВР (ФОТО)

Скандирајќи „Спасовски оставка!“ илјадници насобрани граѓани пред зградата на Министерството за внатрешни работи денеска бараат оставка од техничкиот министер Оливер Спасовски.

parolagragjani

Мирниот протест организиран од Светскиот македонски конгрес започна во 13 часот. Протестот е резултат на незадоволството од техничкиот министер и неодговорното однесување на полицијата во простестите во Бутел. На симпатизерите на партијата и на претседателот Тодор Петров им се придружија многу незадоволни граѓани. Според нив, Спасовски бил должен да направи се што е во негова надлежност да го спречи сквернавењето на камен-темелникот на крстот.

protestmvr1

 

„Оливер зошто земаш плата,“ „Оливер зошто не си поднесеш оставка“, „Опозицијата ја уништи Македонија“,  се дел од транспарентите на граѓаните.

parolagragjani2

Овој протест е резултат на Светскиот Македонски Конгрес бара од Министертвото за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на крстот во Бутел чија изградба беше стопирана поради блокадата од раководството и членовите на ДУИ и да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела.

parolagragjani1

Незадоволните граѓан сметаат дека Спасовски треба да поднесе оставка затоа што не спречил да се уништат темелите на крстот во Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top