| четврток, 6 декември 2018 |

Британски научници ја открија „Ахиловата пета“ на ракот

Група британски научници се уверени дека откриле начин преку кој човековиот имун систем би можел да се искористи за борба против ракот, јави „Би-Би-Си“.

Според британскиот јавен радиодифузер, научници од Универзитетскиот колец во Лондон пронашле метод за откривање на уникатните карактеристики на канцерот, што се смета за негова „Ахилова пета“, преку која може да се „напаѓа“ болеста.

Научниците истакнуваат дека идејата за лекување на ракот на овој начин наизглед е многу логична, но дека сепак е можно да се јават проблеми при нејзината примени.

„Би-Би-Си“ наведува дека засега ваквиот начин на лекување не е тестиран на пациенти, но дури и да се покаже делотворен тој би бил многу скап.

Сепак научниците се уверени дека со ова откритие би можеле да ја постават основата за развој на нов начин на лекување на ракот, додавајќи дека очекуваат теститрањето на ваквиот метод на пациенти да почне за најдоцна две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top