| четврток, 6 декември 2018 |

Анкара: Турски тенкови гранатираа цели на ИД во Сирија

Tурската армија денеска соопшти дека најзини тенкови гранатирале цели на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во северна Сирија.

Соопштението на Армијата уследи откако вооружената формација на сириските Курди, Силите за заштита на народот, обвини дека турските сили нападнале позиции на нивните борци во пограничните региони.

– Турските тенкови стрелаа врз позиции на ИД во северна Сирија, а не врз курдските Сили за заштита на народот, изјави неименуван извор на Вооружените сили на Турција.

Силите за заштита на народот денеска соопштија дека два турски тенка истрелале десетици гранати врз нивните позиции во реонот на Африн во северна Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top