Пешачењето е многу важно за оние кои сакаат да ја намалат телесната маса, но и оние кои сакаат да ја одржат кондицијата и формата. Со пешачењето може да ослабнете без да ги менувате навиките во исхраната.
Едно истражување покажало дека жените кои во просек прават 3.520 чекори на ден, што е околу половина час одење дневно, изгубиле повеќе од два килограми во текот на годината без да држат диета. Исто така штетното масно ткиво на стомакот се намалило за околу 12 отсто.
За да дознаете дали правите доволно чекори за да ослабнете, еве ги просечните број чекори кои мора да ги направите додека одите или додека работите по дома.
По минути
1 минута = 118 чекори
10 минути = 1.180 чекори
30 минути = 3.540 чекори
60 минути = 7.080 чекори
По километри
1,6 км=2.000 чекори
4,8 км. = 6.000 чекори
8 км. = 10.000 чекори
12,0 км. = 16.000 чекори
Домашни обврски
Пазарување = 67 чекори
Бришење под = 101 чекор
Вшмукување прав = 94 чекори
Работа во градината = 89 чекори
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.