| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирани и четири дена измачувани двајца Авганистанци во Ваксинце

СВР Куманово поднесе кривична пријава за А.Б. (25) од Пакистан и за четири непознати лица од Пакистан поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

Пријавените во напуштена куќа во с. Ваксинце, општина Липково, четири дена насилно држеле две лица од Авганистан. Истите со употреба на физичка сила изнудиле од страна на нивните семејства да им бидат исплатени по 1.500 евра преку „Вестерн унион“.

По ова сторителите продолжиле да вршат притисок и барале да им бидат доставени дополнителни парични средства, а на 20 февруари со остар предмет им биле нанесени повеќе убодни рани по телото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top