| четврток, 6 декември 2018 |

Мадона го зaгуби старателството над синот

2F976C5300000578-0-image-a-27_1457076639803

Три месеци светот будно го следи судирот на поп-кралицата Мадона (57) и нејзиниот поранешен сопруг, британскиот режисер Гај Ричи, околу старателството над нивниот 15-годишнен син Роко.

Иако поп-ѕвездата се надевала дека ќе успее непослушниот тинејџер да го врати дома, судот денес одлучил дека Роко до летото, кога се очекува конечната одлука, да живее кај својот татко во Лондон.

Мадона се уште официјално не се огласи по овој повод , но сигурно не е среќна поради оваа пресуда.

Роко реши да остане во Лондон со својот татко и со неговата сопруга, манекенката Жаки Ајнсли, откако се оглушил на повикот на својата мајка со неа да ги прослави божикните празници во Њујорк.

Тој се пожалил дека веќе не може да ја издржи дисциплината што му ја наметнува Мадона, која е позната по својата строгост, а морал цело време да ја следи на нејзината турнеја бидејќи е малолетен.

Потоа Мадона и Гај Ричи завојувале на социјалните мрежи.. Иако во претходните неколку недели се појавија фотографии на кои се гледа како Роко држи цигара и џоинт во рака, пејачката на суд, очигледно, не успеала да докаже дека Гај Ричи не се грижи доволно добро за нивниот син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top