Откријте кои 5 принципи му се најважни на секој хороскопски знак.
Овен
1. Со мене бадијала се расправаш.
2. Подобро да направам нешто, отколку подоцна да жалам што не сум се обидел.
3. Човекот секогаш останува млад ако му е млад духот.
4. Тврдоглавоста не е порок.
5. Јас не напаѓам, но се бранам.
Бик
1. Не сакам ништо туѓо и не сакам никој да го допира она што е мое.
2. Кој не сака храна, не ги сака ни луѓето.
3. Никогаш не си доволно богат за да купуваш евтино.
4. Не се исплати да се расправаш со будали.
5. Довербата тешко се стекнува, а лесно се губи.
Близнаци
1. Којзнае што ќе биде утре.
2. Два мозоци секогаш се попаметни од еден.
3. Луѓето само се тешат дека е поважен квалитетот од квантитетот.
4. Љубовта поминува, пријателството останува.
5. Досадата е ѓаволска игра.
Рак
1. Мојот дом е мојата слобода.
2. Кој чека, ќе дочека.
3. Полесно е да најдеш маана, отколку да ја поправиш.
4. Паметните луѓе често ги нарекуваат другите лудаци.
5. Оние кои никогаш не се менуваат, повеќе се сакаат себе отколку вистината.
Лав
1. Подобро е да стигнеш до врвот на славата, отколку да доживееш пораз.
2. Убавото однесување е половина успех.
3. Ако нешто правиш, прави го како што треба.
4. Љубовта која не се покажува доволно, не е љубов.
5. На лагата ѝ се кратки нозете.
Девица
1. Трпението и упорноста се клуч на успехот.
2. Лагата не е зло ако им прави добро на другите.
3. Човекот се запознава во 3 ситуации – во јадењето, богатството и пијанството.
4. Трошењето време на нешто што не се исплати е најголема глупост.
5. На мозокот секогаш, а на срцето само повремено треба да му се верува.
Вага
1. Среќата е поголема ако се дели.
2. Дипломатијата е пат до вистинската победа.
3. Држењето до принципите, често може да биде глупаво.
4. Пријателите чувај ги близу, а непријателите уште поблизу.
5. Љубовта треба да се докаже.
Шкорпија
1. Ако во животот не те води страста, тогаш правиш нешто погрешно.
2. Волкот го менува крзното, но карактерот не.
3. Сè што вреди треба и да се заслужи.
4. Не го познаваш човекот додека не го видиш како се справува со најголемиот инает.
5. Тоа што не те убива, те прави посилен.
Стрелец
1. Подобро е со паметен да плачеш, отколку со будала да пееш.
2. Колку пријатели имаш, толку и вредиш.
3. Не се учи на туѓите, туку на своите грешки.
4. Зборовите не се ништо без дела.
5. Ништо не е тешко, ако се сака.
Јарец
1. Слаб е оној кој не верува, или ја изгубил вербата во себе.
2. Времето е пари.
3. Лесно е да се биде генерал после добиена битка.
4. Правилата постојат со причина.
5. Човекот кој не се држи до своите зборови, не вреди ништо.
Водолија
1. Ако не сум го побарала, тогаш не е совет, туку предупредување.
2. Најубаво е да живееш како сакаш.
3. Секој се раѓа сам.
4. Љубовта е најубава, но и најголема слабост на луѓето.
5. Ако сакаш да добиеш непријател, позајми му пари на пријателот.
Риби
1. Зашто да форсирате нешто денес, ако може да го направите утре.
2. Ветувањата се празни зборови.
3. Во животот најважни се музиката, смеата и солзите.
4. Вистинската љубов ги сака туѓите мани, а не доблести.
5. Тешко е да ги разбереш другите, ако не се разбираш сам себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.