| четврток, 6 декември 2018 |

Клаудио Раниери ќе биде наследник на Антонио Конте на селекторското место во Италија по ЕП 2016?!

Greece's coach Ranieri gestures during the Euro 2016 Group F qualifying soccer match against Northern Ireland at Karaiskaki stadium in Piraeus, near Athens

По завршувањето на Европското првенство 2016 година во Франција, сегашниот селектор на Италија Антонио Конте се повеќе е очигледно дека ќе ја напушти репрезентацијата и ќе го преземе менаџерското место во Челси.

Фудбалската федерација на Италија веќе го пикираше и неговиот заменик, а тоа е Клаудио Раниери кој има одлична сезона со Лестер во Премиер лигата.

Раниери е искусен тренер, но само еднаш во својата кариера предводел репрезентација и тоа Грција во 2014 година. Па доколку седне на кормилото на Италија, тоа ќе биде негова втора селекторска работа во 30-годишната тренерска кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top