Државјаните на Германија имаат најголема слобода кога станува збор за влегување во други држави, покажа една неодамнешна студија.
Нивниот пасош отвара најмногу врати без потреба од виза – дури 117 од 218 држави и автономни територии, покажа истражувањето на консултанската куќа Хенли и партнерите.
САД, кои 2014 и 2015 година се наоѓаа на прво место, сега се на четврто, а на второто место веќе втора година по ред е Шведска.
Пасошите на Финска, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија го делат третото место, што жителите на северна и западна Европа ги прави најпривилегирани во меѓународните патувања.
„Најлоши“ пасоши имаат жителите на Авганистан, Пакистан, Ирак, Сомалија и Сирија.
Консултантската фирма заклучи дека безвизниот пристап генерално се подобрува во поголем дел на планетата.
Следува листа на земји со „најмоќни“ и „најлоши“ пасоши:
Најмоќни пасоши
Германија 177
Шведска 176
Финска, Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија 175
Белгија, Данска, Холандија, САД 174
Австрија, Јапонија, Сингапур 173
Канада, Ирска, Јужна Кореја, Луксембуг, Норвешка, Португалија, Швајцарија 172
Грција, Нов Зеланд 171
Австралија 169
Малта 168
Унгарија, Чешка, Исланд 167
Најслаби пасоши
Авганистан 25
Пакистан 29
Ирак 30
Сомалија 31
Сирија 32
Либија 36
Еритреја, Етиопија, Иран, Непал, Палестина, Судан 37
Косово, Јужен Судан, Јемен 38
Бангладеш, Конго, Либан, Шри Ланка 39
Бурунди, Северна Кореја, Мјанмар 42
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст