Во пресрет на 12 март, денот кога се организира традиционалниот струмички маскенбал, Зоран Заев не издржа и ексклузивно пред судот, по најновото одложување на „Поткуп“, призна дека по едногодишен пост повторно ќе се маскира. Со тешка воздишка, првично разочара еден куп негови луѓе:
-„Со тешко срце и при чиста свест, морав да се предомислам околу годинешната маска. Најпрво мислев да се маскирам во премиер, оти тоа ми е едина шанса да бидам премиер у животот, ама ќе се стрпам до година. До следниот маскенбал. Премиерската маска ми е направена на екс Бихаќка, стои одма до тие неискористени 70.000 разговори што не стигнав да му ги дадам на Чаушот.“
Новинарите од платниот список на Сорос не можеа да ја сокријат љубопитноста и неизмерната желба на своите читачи и гледачи да им соопштат во што ќе се маскира лидерот им, па почнаа и да нагаѓаат:
-„Во што, во што ќе се маскирате? Во Спасител ли? Во тендер ли? Да не се маскирате во политичар? Во евро за Вицето? Во отровен корнишон ли?“
И додека сите растревожени и во творечки занес нагаѓаа, лидерот ги погледна значајно и со силен растреперен вознес и гордост им соопшти:
-„Јок! Ќе се маскираааам во… Катица Јанева!!!“
Одговорот беше дочекан со силни овации и неизмерен ќеф на озарените лица на професионалците. Дел и заплакаа од среќа, не можејќи да ги додржат солзите радосници и гласно му ветуваа дека ќе го пушта интегрално, за да пукнат душманите. Заев им ја прекина катарзата со нова изјава:
-„Знаете, не ми беше лесно да не бидам премиер. Бар на маскенбал. За Јанева, шо е право, имав и генерална проба – кога беше последното, нормално, одложено рочиште за „Пуч“ и кога ја глумев Катица во изјавата по одложувањето, сфатив дека ми лежи да бидам специјална обвинителка. Затоа, нарачав и 10 квадрата чипка за маската и од оние безвезните ѓердани што ги носе. Знаете, Ката ме замоли ја да си кажам се што она не можеше, оти ќе ја прашаа за смоквите во Мрзенци, па ја од поштовање кон неа ја си кажав се што она требаше. И освен 70 кила помалку, нели бев ист ко Катица, нели?„ – со восхит изјави Заев, а сите околу него не можеа да се соземат од среќа. Миленичето му од екс ЗНМ л’цна, а другите веќе го замислуваа како гордо среде Струмица минува маскиран во Катица…
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст