Ансамблот „Македонија“ вчера во Музејот на Македонската државност и самостојност ја одржа промоцијата за новата концертна сезона. На овој настан, менаџерскиот тим и уметниците на ансамблот им се заблагодарија на верните поддржувачи со посебни признанија.
За меѓународна соработка и придонес кон афирмација на уметничкото творештво на ансамбл „Македонија“ благодарници добија, амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски, Џесика Готенбос од Холандија и Кемал Исејновски од Република Турција.
Познатиот македонски актер Владо Јовановски како промотор на вчерашниот настан ја промновираше целокупна концертна актива, како и планираните активности за новата концертна сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.