| четврток, 6 декември 2018 |

Героски ги најави следните чекори на СЈО, очигледна е координацијата на соросоидите со Јанева

katica-ofanziva
СДСМ почна и преку медиумите на својата новинарска перјаница Бранко Героски јавно да ги презентира политичките нарачки на опозицискиот лидер Зоран Заев до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева – пишува „Курир“.

Бранко Героски, насловна страница на неговиот весник „Слободен печат“, кој важи за поддржувач на СДСМ, ги објави следните чекори, кои по партиска наредба мора да ги реализира Катица Јанева. Без разлика што законот вели дека истрагата е тајна, Героски ударно објавува дека Катица Јанева ќе тргнела во офанзива и ќе паднел првиот притвор.

Блокирањето на работата на СЈО од страна на институциите, како и спроведувањето на Договорот од Пржино, ќе бидат во фокусот на агендата на американскиот заменик-помошник државен секретар, Хојт Брајан Ји, кој денеска се очекува да пристигне во Македонија. А на агендата на Јанева ќе бидат набавката на израелската опрема, случајот „Космос“ и други скандали од „бомбите“, пишува весникот на главниот медиумски стратег на опозицијата.

Истото ова што ударно на насловна страница еуфорично го најавува Героски, на партиски митинг во Капиштец на почетокот од февруари го направи и Зоран Заев пред членови на СДСМ. Заев тогаш ги објави своите барања и очекувања од Катица Јанева. Тоа што е обвинет и формално не смее да има никаков контакт со истрагата не беше проблем Заев да изјави дека ќе имало и обвиненија и притвори без разлика дали постоеле докази или не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top