| четврток, 6 декември 2018 |

Истанбул: Две терористки фрлиле бомби на полициска станица

Во предградие на Истанбул денеска е нападната полициска станица, јавуваат турските медиуми.

Нападот на зградата го извеле две терористки. Тие фрлиле две гранати на објектот, пренесуваат тамошните медиуми.

Потоа дошло до пукање, а жените останале заробени во зградата. Турска полиција е околу објектот, а специјалните сили се подготвени да влезат во полициската станица.

Уште нема информации за жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top