Низ Балканот се подготвува нова рута по која би можеле да се движат бегалците кои бараат спас во Европа, објави германската телевизија НТВ. Според телевизијата, бегалците од Грција би можеле да тргнат кон Албанија и потоа преку Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска да се упатат кон Западна Европа. Ваквите најави доаѓаат во време кога во местото Идомени на грчко македонската граница речиси 10.000 бегалци чекаат од Грција да влезат во Македонија.
Како што пренесува Танјуг, албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати пред три дена соопшти дека Албанија нема да „подига ѕидови“ во случај ако бегалците и имигрантите почнат да ја користат нејзината територија како транзит кон земјите во ЕУ.
Претходно, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија нема да дозволи да биде нова рута за бегалци на патот кон Европа, поради тоа што нема „ниту услови, ниту сила, ниту ентузијазам да го спасува светот, додека другите ги затвораат своите граници“.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ пак најави дека Црна Гора ќе мора да ги затвори своите граници за имигрантите, доколку тоа го направат и земјите членки на ЕУ. Црна Гора ќе мора да ги затвори своите граници, доколу Македонија ја затвори границата со Грција, и ако гранични рестрикции воведат Унгарија и Австрија, рече Ѓукановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден