Судското рочиште за предметот „Пуч“ денеска е одложено за 3 мај на барање на Специјалното јавно обвинителство, кое го презеде овој случај.
Одлагањето на рочиштето е поради жалбата на СЈО за недоставувањето копии од доказите кои ги поседува Судот, а се поврзани со овој предмет.
Иако беше наведено дека за одлука по жалбата на Апелациониот суд, како за други подготовки ќе биде потребен еден месец и следното рочиште да биде закажано во април, Јанева побара да нема рочиште тој месец.
Меѓу останатите образложенија за одложувањето, специјалната обвинителка ги наведе и прватните обврски, поточно свадбата на нејзината ќерка закажана за првата половина на април.
Во случајот „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни функционери, обвинети се лидерот на СДСМ Зоран Заев, контраразузнавачот Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња, Бранко Палифров, службеник во Општина Струмица и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст