Предменструалниот синдром знае да биде тежок кон секоја жена. Напнати сте, нервозни, подуени, ви се јаде – симтоми кои најчесто се појавуваат во овој период. Но, на овој симптом досега не сте му обратиле внимание.
Пред започнувањето на менструалниот циклус, нивото на естроген се намалува, што предизвикува опаѓање и на нивото на серотонин. Ниското ниво на серотонин придонесува до депресија, анксиозност и опсесивно-компулсивно однесување.
Овој хормонален дисбаланс придонесува кон депресија и негативни мисли, но опсесивното-компулсивно однесување ќе ве натера да почнете со чистење.
Според „Бастл“, за време на ПМС се јавува желба да се исчисти домот, да се исфрлат непотребните предмети, да се исчисти и испере облеката…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.