| четврток, 6 декември 2018 |

Потстанар ги ограбил газдите – одзел 2.000 евра

НК КР Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(21) од с.Мородвис, општина Зрновци поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело тешка кражба.

Пријавениот на 26 јануари во куќа на ул. „Евлија Челебија“ во Кочани, во која живеел како потстанар, со употреба на подесен алат, влегол на спратот во куќата и по извршеното претурање во сите соби од кујната одзел 2000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top