| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени 11 емигранти кај ГП „Богородица“

emigranti

Вкупнo 11 илегални емигранти биле откриени кај Гевегелија, а од нив шестмина имале документи од Грција. Тие биле вратени назад во Грција, а останатите биле однесени во Прифатниот центар во Скопје.

Според МВР, вчера околу 21.30 часот, од страна на полициска патрола во реонот на Гевгелија, биле откриени 11 странски државјани, од кои четворица од Пакистан, двајца од Авганистан и по еден од Гана, Конго, Еритреја, Мавританија и  од  Бангладеш.

Со  странските државјани  е обавен разговор, при што е констатрирано дека шестмина поседуваат грчки документи  издадени од грчките служби, по што по полициски пат со протоколарен лист се предадени на грчките полициски органи, а останатите пет лица поради непоседување никакви документи се  спроведени до Прифатниот центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top