Си-Ен-Ен, една од најпрестижните медиумски куќи на светот, сепак знае да погреши и тоа кардинално. Претежно тоа се „тешки“ географски грешки со кои вработените во оваа ТВ мрежа прилично се посрамотуваат и себе си и медиумот.
Гафот на Си-Ен-Ен е заменувањето на Австрија со Австралија, а целата вест била за бегалската криза и градењето ограда помеѓу Словенија и Австрија, а насловот гласи: Австралија гради ограда на границата со Словенија.
Освен што ги помешале двете земји на потполно различни каеви на светот, очигледно не се сетиле дека Австралија не може да граничи со други земји, бидејќи е опкружена со океан.
Ова не е прв пат Си-Ен-Ен да направи грешка. Неколку пати претходно ги заменуваа Нигерија и Нигер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.