Кумановската полиција фатила двајца кумановци кои ги сомничи за серија од 11 кражби во станови. Било утврдено дека еден од нив е затвореник што избегал од затворот во Идризово.
СВР Куманово поднесе кривична пријава за З.Н. (44) и О. Б. (29), двајцата од Скопје, и за М.Д. (33) од Куманово за 11 кривични дела тешка кражба.
Пријавените, во периодот од 25.03 до 02.04.2013 година, на подрачје на Куманово, со употреба на погоден предмет извршиле 11 тешки кражби во станови при што одзеле златен накит, лаптоп-компјутери, мобилни телефони и пари во вкупна вредност од 528.100 денари. Истражен судија на М.Д. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, О.Б. е вратен во КПУ „Идризово“ на доиздржување на казна затвор, а се преземаат мерки за наоѓање на З.Н., кој е во бегство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.