Луѓето што имаат зголемена телесна тежина имаат послаба меморија од своите послаби пријатели, покажуваат истражувањата, чиишто резулттати се објавени со списанието „Журнал оф експериментал психолоџи“.
Истражувањето е спроведено на 50 доброволци покажало дека дебелината е поврзана со лошата „епизода на памтење“.
Епизодно паметење е вид на долгорочно паметење, кое се формира во делот на мозокот наречен дорзален хипокампус, а заслужен е за автобиографски сеќавања, на пример сеќавање на последните дружења со пријатели, но и последниот конзумиран оброк. Стручните лица за дебелина се почесто ја проучуваат врската меѓу дорзалниот хипокампус и епизодното паметење бидејќи има важна улога во регулацијата на исхраната.
Резултатите од истражувањето покажале дека кај луѓето со зголемена телесна тежина сеќавањето на последниот оброк е помалку силно, поради што често посегнуваат по нова храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.