| четврток, 6 декември 2018 |

Нема одложување на обврската – камери во секое возило на автошколите

Собранието во рамките на денешната работа по дневниот ред на 92. седница го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, поднесен од пратениците од ДУИ и заклучи дека е неприфатлив.

Со предлогот, како што информира Талат Џафери од ДУИ, се бараше за една година да се одложи рокот за поставување камери преку кои автошколите ќе ја снимаат обуката и полагањето на возачкиот испит.

Како што посочи, најголем дел од автошколите побарале да се одложи примената на одредбите од Законот врзани со условите што треба да ги исполнуваат автошколите, во делот на видеонадзорот во центрите за обука и во возилата.

Претникот Томислав Тунтев од СДСМ рече дека и опозицијата ќе го поддржи ова законско решение, бидејќи, како што рече, не е логично да се снимаат разговорите за време на практичната обука за полагање на возачкиот испит. Не е возможно, додаде, да се чуваат и да се архивираат толку снимени материјали од теоретскиот и од практичниот дел од обуката за возач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top