| четврток, 6 декември 2018 |

„Си-Ен-Ен“: Клинтон или Сандерс лесно би го поразиле Трамп на претседатеските избори

Двајцата претенденти за номинација на Демократската партија- Хилари Клинтон и Берни Сандерс, лесно би го поразиле водечкиот претендент кај републиканците, Доналд Трамп доколку сега би се гласало за претседател на САД, покажува најновото истражувањ на телевизиската компанија „Си-Ен-Ен“.

tramp

Клинтон би го совладала Трамп со 52 наспроти 44 отсто од гласовите на Американците, но би и било многу потешко доколку за противник ги има републиканските сенатори Тед Круз или Марко Рубио.

Истражувањето покажува дека Клинтон би победила и против обајцата републиканци, но разликата меѓу победникот и поразениот тогаш би изнесувала најмногу три проценти од гласовите.

Сандерс би го постигнал истиот реултат, но тој уверливо би го поразил Круз, лесно би се справил со Трамп, а најтешко би му било со Рубио, иако и него би го победил, со поголема разлика од онаа што се смета дека би ја постигнала Клинтон.

Истражувањето на „Си-Ен-Ен“ одново покажа дека САД се длабоко поделени „многу повеќе од порано“ и тоа се гледа на тоа, како и за што им веруваат на сите петмина кандидати.

На Трамп повеќе му веруваат за економијата, антитероризмот и имиграцијата, додека на Клинтон за здравствената заштита, расната еднаквост и надворешната политика. Кога станува збор за контролата на оружјето, американските гласачи се целосно поделени, па и поддршката за едниот или за другиот кандидат е речиси идентична.

Претходната анкета што ја направи оваа телевизиска компанија покажа дека Хилари Клинтон ќе ја освои номинацијата кај Демократската партија, додека Доналд Трамп ќе ја добие номинацијата на американските републиканци.

Конвенциите за избор на претседателски кандидат и на двете партии ќе се одржат во јули, додека изборите за претседател на САД се на 8 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top