Вчера во 11.00 часот дошло до прекин на контролираното пропуштање на мигранти на гранична кота 59 поради избувнување на немири предизвикани од поголема група на мигранти на самата гранична линија од страна на Р. Грција, стои во денешниот извештај на МВР.
Групата мигранти со помош на метални шипки извршила оштетување на капијата на која се пропуштаат товарните возови од Р.Грција во Р.Македонија и се обиделе да влезат во Р.Македонија. Мигрантите фрлале камења и тврди предмети кон полициските службеници.
Со интервенција на полициски службеници од ПЕП и ЕБР спречен е нивниот обид и состојбата е нормализирана во 11.50 часот.
При интервенцијата не е употребена физичка сила, употребени се шок бомби и солзавци, а повредени биле двајца полициски службеници.
Повредени мигранти на македонска територија нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст