Филмот „Под лупа“, за разоткривањето на педофилијата во кругот на католичката црква, е најдобар филм според Американската филмска академија за 2016 година. Овој филм, исто така, ја доби и наградата за најдобро оригинално сценари.
„Под лупа“ (Spotlight) се базира на вистинските случувања од 2002 година, кога новинарите од весникот „Бостон глоуб“ ја разоткрија најголемата педофилска афера во бостонската надбискупија, што предизвика шок во цела САД. Во домашните кина, овој филм можете да го погледнете од 10 март, соопштија од „МЦФ МКД“.
Актерот Леонардо ди Каприо, конечно, го освои својот прв „Оскар“ за улогата во филмот „Повратник“, а тоа сите во театарот „Долби“ го отпоздравија со голем аплауз. Минатогодишниот троен оскаровец, режисерот Алехандро Г. Ињариту ја доби наградата за најдобра режија и со тоа стана третиот режисер во историјата што триумфирал две години по ред. Емануел Лубецки доби „Оскар“ за најдобар директор на фотографија.
Наградата за најдобра споредна машка улога му припадна на Марк Рајленс за беспрекорната изведба во филмот „Мост на шпиони“ на режисерот Стивен Спилберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст