Доколку некој од следните пет мотиви се појавуваат во вашите соништа, онеирологијата, односно науката за толкување на сништата тврди дека љубовта наскоро ќе тропне на вашата врата.
Кукла
Овој мотив нема само едно значење. Ако си играте со кукла, тоа значи расправија и судир. Меѓутоа, ако подарите кукла, тоа укажува на доаѓање на нова љубов.
Разголеност
Често се појавува овој чуден мотив во нашите сништа. Ако се соблекувате или сте веќе голи, тоа укажува на ново познанство. Таа непозната личност може да биде важна за вас, личност со која можете да започнете романса.
Постелнина
Кревет и постелнина укажуваат на љубов и на тоа дека сте во можност да прифатите нови емоции. Ако во сонот ви се појавува бела постелнина, тогаш вие во целост сте подготвени за доаѓањето на новата љубов.
Густа шума
Ако не можете да најдете излез од шумата и се двоумите каде да тргнете, тогаш сонот ви порачува дека сѐ уште не сте подготвени за доаѓањето на новата љубов. Меѓутоа, доколку успешно избегате од шумата, тоа значи дека сте зрели за нов однос и наскоро ќе пронајдете нова љубов.
Семки од растенија
Семки се симбол на плодност. Така е и во љубовта. Ако сонувате семиња од билки (пример да садите цвеќе), тогаш сте отворени да примите нови емоции. Меѓутоа, ако сонувате дека берете цвеќиња, тогаш сонот ви порачува дека треба да се соочите со лошите особини и негативната енергија што ја ширите затоа што токму самите сте виновни за попречување на новата љубов да влезе во вашиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.