| четврток, 6 декември 2018 |

Лавеци искрeн: Во Кина дојдов поради парите

laveci

Офанзивниот играч за врска, Аргентинецот Езекиел Лавеци во зимскиот преоден рок направи трансфер во Кина во клубот Хебеј.
Иако на крајот од оваа сезона во Европа можеше да бира во кој европски гигант ќе ја продолжи кариерата бидејќи му истекуваше договорот со ПСЖ, тој се реши за кинескиот клуб најмногу поради финансиите.
За Лавеци сериозно беа заинтересирани, Барселона, Интер, Манчестер јунајтед и Челси, но тој не можел да ги одбие 15.милиони евра по сезона.
Со тоа тој е петтиот најплатен фудбалер во светот по Роналдо, Меси, Ибрахимовиќ и Милер.

– Ми се допаѓа целиот проект на клубот. Она што ме натера да дојдам во Кина е токму планот, а исто така, тука се и финансиите. Исто така, фасциниран сум и од кинеската култура. Можев да бидам дел од Интер, Манчестер јунајтед и Челси, но се одлучив да дојдам во најнаселената земја во светот. Тоа е многу важна одлука за мене и се надевам дека не погрешив – изјави Лавеци.

Покрај Лавеци дел од кинескиот колектив е и Жервињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top