| четврток, 6 декември 2018 |

Почина американскиот актер Џорџ Кенеди

Американскиот актер Џорџ Кенеди, познат по улогите во серијалот „Гол пиштол“, почина на 92 години, објави денеска неговиот внук.

Кори Шенкел рече дека неговиот дедо починал во неделата во Ајдахo, пренесува порталот „ТМЗ“.

Кенеди во 1968 година доби Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Кул хенд Лук“ (Cool Hand Luke), потсетува „Би-Би-Си“, и додава дека актерот бил запаметен pо улогите во филмовите „Земјотрес“ и „Аеродром 1975“.

Шенкел наведе дека актерот бил со влошена здравствена состојба по смртта на неговата сопруга Џоан, која почина пред околу една година.

Последниот месец од неговиот живот го поминал во болница.

Кенеди е роден на 18 февруари 1925 година во Њујорк, каде што неговиот татко работел како музичар, а мајка му како танчарка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top