| четврток, 6 декември 2018 |

Комитетот за надворешни работи на ЕП ја усвои Резолуцијата на Вајгл за Македонија

еп

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), вечева во зградата на Европарламентот во Брисел со 42 гласа „за“ и девет „против“ ја усвои Резолуцијата за Македонија, што на предлог на известувачот Иво Вајгл содржи седма последователна препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите за членство во Европската унија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, поради минатонеделните настани во Македонија и закажувањето нов датум за предвремени парламентарни избори, АФЕТ­групата на ЕП наместо на 23­ти, за Резолуцијата за Македонија гласаше денеска.

И покрај реакцијага на грчките европратеници, оваа Резолуција ја содржи придавката „македонски“ во однос на именувањето на „македонската јавна администрација“. Вечерва, европратениците ги одбија ригидните анти­македонски амандмани на своите колеги од Грција и Бугарија, со оглед на тоа што и годинава имаше рекорден број од 270 амандмани поднесени на македонската Резолуција. Известувачот за Република Македонија во Европарламентот, Иво Вајгл, поднесе 18 компромисни амандмани како и два со уфрлање на 5 јуни како ден кога ќе се одржат изборите во Македонија.

Единствено словенечкиот европратеник зеде збор и се заблагодари на сите во Комитетот за надворешни рбаоти на ЕП што го одложи гласањето за македонскиот извештај за денеска поради, како што тој го нарече „круцијалниот ден кога се договори нов датум за предвремени избори на 5 јуни“. ­

-Тоа одложување на датумот на изборите беше потребно поради тоа што имаше заедничка оценка на ЕУ и САД дека подготовките за изборите не беа такви за изборите ги задоволат високите стандарди за демократија, транспарнетност и владеење на правото. Сега имаме нов датум, 5 јуни и јас поставив два орални амандмани што се однесуваат на оваа промена на датумот. Нашата опсервација е дека е потребно за процесот на Македонија пристап да имаат пристап сите партии во Македонија и тие да работат заедно на европската агенда на земјата – порача Вајгл.

Како што е познато, оваа Резолуција на законодавниот дом на Унијата за Македонија се однесува на прогрес­извештајот што пред крајот на минатата година го поднесе Европската комисија за напредокот на Република Македонија во евринтеграциите. И Резолуциајта што денеска ја гласаше т.н. АФЕТ­група на ЕП, за која идната среда (9 март) во Стразбур ќе гласа и целиот состав на Европскиот парламент на пленарна седница, содржи условена препорака за преговори која зависи од успешно завршување на политичката криза со успешно организирани избори на 5 јуни. Резолуциите што ЕП ги издава за земјите од процесот на проширување имаат само советодавно, не и правно­обврзувачко значење за Европскито совет и воопшто за Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top