| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со притисок врз Јанева за неаргументирани истраги со цел оцрнување на личности од ВМРО-ДПМНЕ

katica-janeva-zoran-zaev-640x335

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, дал наредба до специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во престојниот период до изборите, до 5 јуни, да излезе со што е можно повеќе барања за истраги поврзани со илегално прислушкуваните материјали – коментираат извори блиски до СДСМ.

Впрочем тоа ќе било и главниот концепт на СДСМ во политичкото делување и последниот обид да се направи некакво поместување на огромната разлика во поддршката која постои помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, што е потврдена од сите релевантни истражувања на јавното мислење. Насоката на Заев била по секоја цена да има вакви барања за истраги од политичката алатка на СДСМ, специјалното обвинителство.

Без оглед на тоа што не постоеле аргументи, ниту пак било какви веродостојни докази за наводни нерегуларности, за Заев било најважно да се излезе во јавност со такви обвинувања кои немаат никаква правна вредност туку ќе бидат искористени во политичка кампања. Неговата намера било што повеќе луѓе од ВМРО-ДПМНЕ да се вовлечат во политичката кампања која ќе ја предводи специјалното обвинителство, да се лиферуваат имиња, да се оцрнуваат личности, да се трмозат по судови, и јавно сиканираат.

Нервозата и притисокот кај Заев и СДСМ била уште поголема што при првото барање за истрага и прес-конференција на Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска нема никаков ефект во јавноста и покрај бројните политички квалификации и офанзивната црна кампања која ја спроведоа.

Додека за СДСМ главниот адут е специјалното обвинителство за кое веќе е јасно е дека е политичка алатка на СДСМ, во ВМРО-ДПМНЕ најмногу се фокусирани на изработка и понуда на програма, која како што се најавува ќе биде најопфатната и најсестрана досега. Тие убедени во вистината и цврстите аргументи се релаксирани во однос на темата специјално обвинителство.

Освен добрите шеги по социјалните мрежи, на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека нема ништо сериозно да предизвика и произлезе од ваквото сценарио. За владејачката партија очигледно најважни се граѓаните и проектите кои ќе се спроведат.

Од друга страна, целта на СДСМ им е да се дефокусира ВМРО-ДПМНЕ од изборната трка и да се дискредитираат сите можни политички противници на СДСМ и Заев во ВМРО-ДПМНЕ, можни носители на листи, пратеници и членови на раководството на партијата.

Меѓу правниците веќе на широко се кажуваат вицови за однесувањето и некомпетентноста на СЈО, како и за тоа дека наредбите за истраги им се толку неосновани што и студент од прва година на Правниот факултет подобро би се снашол.

Според нашите извори, притисокот од Заев до СЈО бил огромен, а кога некој ќе се спротивставел, една група најлојални “заевисти“ таму викала дека таа го има последниот збор и мора да се оди така по секоја цена, сценарио кое народот веќе го има прочитано.

На овие избори според експертската јавност ќе се бира помеѓу деструкцијата и кризата на СДСМ, нивното посегнување по суверенитетот на државата и обид со подмолни игри и интриги да дојдат на власт од една страна и програмата за развој на ВМРО-ДПМНЕ од друга страна.

Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ ентузијазмот е на високо ниво и машинеријата уфрла полека во 5-та брзина, пародијата на СЈО никој не ја смета за закана по резултатот, туку фрчат кладби кој е следен и зошто.

Еден од главните вицови е дека во ВМРО-ДПМНЕ почнале со кладби за кого СЈО може и за што да почне истрага и да побара притвор, од причина што наредби за истраги и притвори СЈО бара врз основа на исказ на една личност, сега се бараат членови на СДСМ кои ќе даваат разно разни искази.

Ова е смешно за сите правници, но Заев сметал дека ќе му помогне во изборите. Има уште околу 100 дена до избори, а ВМРО-ДПМНЕ според сите релевантни анкети има повеќе од двојна поддршка пред СДСМ.

Резултатите од последната анкета на БРИМА ГАЛУП покажуваат огромна поддршка и повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

Овие резултати се кај македонското гласачко тело, но таквата двојна разлика се пресликува и доколку се земе во предвид целосната етничка структура на населението во Република Македонија,односно 25.7% за ВМРО-ДПМНЕ према 13.4% за СДСМ.

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ. Дополнително, примерите од претходните избори покажуваат како ќе минува времето, разликата сигурно ќе се зголемува во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top