| четврток, 6 декември 2018 |

Спречена продажба на лажни „тимберленд“ чизми

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против лицето М.А. (24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.

Имено, М.А. како физичко лице – трговец, без да поседува фирма и без да ја има потребната документација, од тезга лоцирана на пазарот во нас. Шуто Оризари набавил машки чизми од заштитената трговска марка „тимберленд“, со непозната земја на производство. Истите имал намера да ги складира во импровизиран магацин-тезга, која ја користел во непосредна близина на Бит-пазар и на истите да врши продажба на мало како оригинални производи.

На 14.01.2016 година М.А. заедно со неговиот брат, биле запрени на влезот на с. Стајковци од страна на полициски службеници од ЕПОИ „Алфа“. При преглед на багажниот простор биле пронајдени 19 пара машки зимски чизми од трговската марка „Тимберленд“. Лицата биле лишени од слобода и во дадените изјави пред полициски службеници на Единицата за економски и компјутерски криминал дале појаснување за начинот на кој го извршиле кривичното дело.

Од страна на странска компанија со седиште во САД, преку претставништвото на странското кооперативно друштво во Скопје, како застапник на интелектуална сопственост на носителот на правото за трговската марка „тимберленд“, до СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал доставена е потврда и експертиза, со кои се потврдува дека одземените производи го повредуваат правото на интелектуална сопственост, односно дека истите се фалсификат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top