| четврток, 6 декември 2018 |

Само утре храбрите девојки „можат“ да ги запросат мажите

На мажите им се допаѓа традиција која датира уште од 5-иот век, бидејќи така според нив се намалува притисок, а речиси половината ќе кажат „ДА“, доколку партнерките сами ги прашаат дали ќе се оженат за нив.

Овој ден, 29ти февруари, доаѓа само еднаш во четири години, а жените и мажите, според традицијата, ги менуваат улогите.Имено, постојат многу верувања. Во Ир­ска, Фин­ска и во Шкотска, же­ни­те само на 29-ти февруари имаат уникатна шанса – да им пред­ло­жат брак на ма­жи­те. Ова верување потекнува од една ста­ра ир­ска ле­ген­да, според која све­та Бри­ги­да, ир­ска ка­лу­ѓер­ка од пет­ти­от век, го за­мо­ли­ла све­ти Патрик, све­те­цот-за­штит­ник на Ир­ска, да им да­де доз­во­ла на же­ни­те да им предложу­ва­ат брак на ма­жи­те, по мно­гу­број­ни­те поп­ла­ки од не­ма­же­ни­те же­ни, чи­­и дод­во­ру­ва­чи би­ле прем­но­гу сра­меж­ли­ви да ги за­про­сат. Све­ти Па­трик се сог­ла­сил, но доз­во­лил тоа да би­де са­мо на 29-ти февруари, од­нос­но ед­наш во че­ти­ри го­ди­ни. Традицијата поч­на да се при­ме­ну­ва и низ по­ве­ќе­то де­ло­ви од све­тот по фил­мот „Пре­стап­на го­ди­на“ од 2010 го­ди­на, ро­ман­тич­на ко­ме­ди­ја за Аме­ри­кан­ка што па­ту­ва во Ир­ска за да го за­про­си сво­е­то мом­че.

Во случај мажот да одбие да се ожени со жената која му предложила брак, тогаш тој треба да и’ купи 12 пара ракавици за да се скрие срамот што не носи свршенички прстен, стои во шкотскиот закон во 13-от век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top