2016 година е престапна. Според народни верувања во неа не треба да се разведуваме и да ја менуваме својата работа,
Причината да има Престапна година е дека земјата прави целосна обиколка околу Сонцето за 365 дена и 6 часа, а не само за 365 дена.
Ова бара на секои 4 години во февруари во календарот да биде додаван 1 дополнителен ден и така месецот има 29, а не 28 дена.
Оваа година 29 февруари се паѓа в понеделник – почеток на неделата.
Иако од научна гледна точка се ќе биде јасно, многумина ја поврзуваат Престапната година со различни суеверија и верувања.
А еве и некои од нив:
– Не треба да менуваме работата. Но ако сепак сме нашле нешто многу соодветно, мора прво реално да ги процениме силите и можностите пред да донесеме одлука;
– Не смее да се разведуваме. Ако постои и најмала можност да го сочуваме своето семејство, подобро е да го направиме тоа. Старите луѓе забележале дека оние кои се разведуваат во Престапна година, потоа потешко си создаваат ново семејство;
– Не е препорачливо да се склучува брак. За среќа тоа не се однесува на целата година, а само за 29 февруари и за целиот месец мај;
– Кога падне првиот дожд во Престапна година, е добро човек да се прошета под капките дожд за среќа и успех;
– Не треба да ги споделуваме плановите за иднината, бидејќи нема да имаме среќа;
– На 29 февруари не треба да потпишуваме договори и да водиме преговори;
– Не треба да земаме големи суми позајмени пари. Нивното враќање ќе биде тешко, а тоа може да доведе до проблеми;
– Не смееме да купуваме и продаваме недвижен имот, да правиме поправки;
– Децата родени во Престапна година, се среќни. А оние кои дошле на свет на 29 февруари, можат да не се плашат од пожари и поплави, бидејќи нив нема да ги засегнат. Тие поседуваат исто јасновидска дарба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.