| четврток, 6 декември 2018 |

Отец Пимен го нападна Поглаварот на МПЦ, верниците револтирани

osveten-krst-vo-butel

Структури од самата црква денеска политички го нападнаа Поглаварот на МОЦ, г.г. Стефан. Причина за ваквиот напад е осветувањето на темелите на новиот крст во општина Бутел.

Порталот Курир коментира дека целата јавност е зачудена од ставот на Отец Пимен за кого поставувањето на крст е почеток на безумие. За верниците не е изненадување ваквиот став да произлезе од некој атеист, но претставува шок кога истиот ќе биде искажан од страна на свештено лице како што е Отец Пимен.

Pimen-vladika-4

-Орли и крстови. Провокации и паѓања на провокации. Обично, низ целиот свет, спомен обележја се ставаат како симбол на крај на безумства и крвопролевања. Кај нас обратно е. Се поставуваат за да почнат безумствата, напиша отец Пимен.

Токму ваквиот став на Отец Пимен, верниците го толкуваат како безумие. Можеби Отец Пимен не кажа директно дека дедо Стефан го осветувал безумието и дека бил централна фигура на безумието, но јасно е дека осветувањето на темелите на крстот во Бутел го изврши лично Поглаварот на МПЦ и уште појасно за секој верник е на кого и на што алудира отец Пимен.

02Осветувањето на темелите на крстот во Бутел се случи на иницијатива на Светскиот македонски конгрес, чиј претседател Тодор Петров, веднаш по настанот беше брутално нападнат.

На својот Фејсбук профил, тој денеска напиша:

-„Фала му на Господа, денес, Бог ми го спаси животот. На денот на Крстот… Но, која е верата и дали е вера омразата кон крстот? Да те убијат заради крстот, а им возвраќаш со мир и со љубов… Веќе видено од ИСИС во Ирак и Сирија… Македонците се и православни и католици и муслимани и Албанците се православни и католици и муслимани… И во Албанија и во Македонија и во Косово“.

Тодор Петров, продолжува:

„Бил јас, не бил, не сум се плашел од ништо во животот досега, па ни отсега. Знам што сакам и не се кријам зад мојата мисла, јавно ја соопштувам. Никого не сум навредил. Критикувам, но никогаш не сум повредил нечиј морален и личен интегритет, ја почитувам приватноста и личноста. Ги куражам сите Македонци во Македонија и во светот да бидат храбри и самоуверени, да бидат достојни, да си ја сакаат татковината, никого да не мразат, од никој и од ништо во светот и на векот да не се плашат и да не се срамат. Не продавајте ги имотите што ја менува етничката и верската карта на Македонија, по ниту една цена! Секој метар квадратен од Македонија е бесценет! Чувајте ја Македонија“!

Според Тодор Петров, нападот не бил насочен лично кон него.

„Нападот не беше до Тодор Петров, туку до Македонскиот Народ, Црква и Држава. Омразата против крстот е омраза кон Македонците“…

Целиот фејсбук статус на Тодор Петров прочитајте го на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top