| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо ретерира, мислев на кондицијата…

Real Madrid vs Atletico Madrid

Кристијано Роналдо го навлече бесот на сите во клубот откако веднаш по поразот од Атлетико Мадрид се јави со изјава дека „доколку сите во Реал биле добри како него, овој клуб би бил првопласиран на табелата“. Веднаш се појави лавина од критики кон Португалецот, кој одигра очајно против градскиот ривал, по што Кристијано беше принуден да го смени својот став.

– Кога ја дадов изјавата, мислев на кондицијата, на физичката подготвеност, сакав да кажам дека тогаш ќе немавме толку повреди и ќе се боревме за титуласта. Не зборував за квалитетите, бидејќи сите мои соиграчи ги сметам за многу квалитетни – недоволно уверливо се правда португалскиот ас, за кого од ден на ден станува се појасно дека на крајот од сезонава ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Во одбраната на Кристијано застана и предводникот на одбраната на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

– Сигурен сум дека Роналдо не сакал да каже ништо лошо, туку едноставно изјавата му била погрешно толкувана, на сите ни се има случено такво нешто… Како и да е, овој негов коментар дефинитивно нема да ја наруши атмосферата во нашата екипа – истакна Рамос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top