Ова се три работи што мажите никогаш нема да ви ги признаат. Секој маж има свои мали тајни до коишто жените тешко допираат.

Кога станува збор за несигурноста и разговорот за тие тајни, поголемиот дел од вас веднаш ќе помислат дека станува збор за жени.
Тоа е сосема логична реакција затоа што жените многу почесто говорат за сопствените несигурности.
Страв дека можеби ќе ве загуби
Можеби глумат дека се е во ред, но кога мажите чувствуваат дека има шанса да ја загубат жената што ја сакаат нивното его страда и станува мошне несигурен. Тоа ќе ви го покажат така што наеднаш ќе станат прекрасни кон вас, а тоа и не е толку лошо, нели?
Страв дека не е доволно добар за вас
Без разлика дали се работи за постелата или надвор од неа, мажите често поминуваат низ фаза на несигурност кога мислат дека жената може да најде некој подобар од нив. Работите уште повеќе се влошуваат доколку вашите пријателки не го прифаќаат и не го обожаваат.
Потреба за одобрување
Иако тоа сигурно нема да ви го кажат, на мажите им е многу важно да добијат ваше одобрување за она што го прават и да ги поддржите. Ако имаат чувство дека ви е сеедно и дека вие не сте задоволни со тоа што го прават, тогаш мажите стануваат многу несигурни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


