МВР во врска со денешниот физички напад врз претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров вечерва соопшти дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расветлување на настанот.
– Во врска со настанот кој е пријавен денеска во 12,30 часот дека лицето Т.П. е физички нападнато во угостителскиот објект „Казабланка“ во Скопје, од страна на неколку лица и е префрлено во Ургентен центар, од страна на СВР Скопје е постапено по пријавата, преземени се мерки и активности, по што од извршениот разговор со повредениот добиени се првични информации дека околу 12,30 часот дошол во угостителскиот објект заедно со уште две лица со намера да ручаат. Но, кратко по доаѓањето, според тврдењето на Т.П., пет-шест лица, меѓу кои и лицето Б.А., а кои претходно биле во угостителскиот објект, најпрво почнале да го навредуваат и да му се закануваат во врска со претходно одржан јавен собир во населбата Бутел и физички го нападнале. Но, потоа, според тврдењето на Т.П., во објектот влегло лицето И.М. кое им се обратило на напаѓачите, по што се разотишле. Повредениот Т.П. со брза помош е префрлен во Ургентен центар, каде што му биле констатирани телесни повреди и е задржан на лекување, се наведува во соопштението.
Од страна на СВР Скопје, а во консултации со Јавен обвинител, додаваат од МВР, и понатаму се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расветлување на настанот и утврдување на инволвирани лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож