| четврток, 6 декември 2018 |

Техничкиот министер Спасовски е срам за македонската полиција

оливерЗа Оливер Спасовски позицијата министер, макар и технички, на најважната позиција кога станува збор за безбедноста во државата, по се изгледа му е само хоби за исполнување на партиските хирови. Додека Спасовски попладне се занимава со предизборни активности и на граѓаните им објаснува како „кога ќе дојдат на власт“ ќе ја укинат радиодифузната такса, преку ден во МВР спроведува чистка согласно партиската функцијата Генерален секретар на СДСМ.

Не смее да се превиди дека со тргањето на професионалците и со поставувањето партиски кадри во МВР, Спасовски се обиде да ги сокрие своите врски кои излегоа на виделина и тоа токму за случајот кој што го најави како приоритетен кога го преземаше министерството.

caus i oliverДури и кога неговата вмешаност и поврзаност со Чаушот излезе на виделина, благодарејќи на професионалците кои работат во МВР, Спасовски без никакво чувство за одговорност не ги почитува одлуките на судот кој што бара од него да ги врати разрешените функционери на своите позиции, поставени согласно принципот на кариера и професионализам кој што постоеше во министерството, само заради свое толкување на судската одлука.

oliver-spasovski-i-adnan-sumaПритоа, професионалноста на своите кадри сведочи противправното апсење на Едмонд Темелко. Еве и ако се изземе неговата позиција, не може да се занемари неговото искуство на негиран и омаловажуван Македонец во соседството. И кога таков човек, политички активист со голема историја зад себе, ќе ви ги спореди полициските кадри „како грчките полицајци во минатото“ работите во полицијата се загазени длабоко во самоволие и исполнување на партиските задачи.

temelkoИ сето тоа не е чудно, особено ако се земе предвид дека Генсек-от на СДСМ е актуелен министер во Влада, кој што си допушти, меѓу другите, да го унапреди, прескокнувајќи неколку скалила, и сопругот на сопартијката потпретседателка, министерот за труд и социјална политика, Ременски.

4sdsmtepaДодека течеа договорите од Пржино со кои на СДСМ им беше доделено МВР, „Република“ објави дека „Експертот“ како што беше најавено дека ќе седне во министерската фотеља, ќе има прилика да ги измени сите лоши искуства што државата ги имала со полицијата додека СДСМ владееше со ова министерство. Во таа анализа стоеше дека „професионалецот“ ќе има тешка задача да го врати угледот и да се наметне врз полицајците особено по насилствата на СДСМ врз полицајците за време на протестите, за што долго време се подготвуваа по штабовите, но и по антитерористичката акција во Диво насеље, кога без трошка респект, раководството на СДСМ, меѓу кои и Спасовски, правеа „селфија“ врз локвите крв на паднатите македонски бранители.

selfi_thumb_medium500_282  И токму истиот Спасовски стана министер, кој имајќи и прилика, не ја искористи можноста, како министер, да искаже почит кон жртвите во таа битка. Токму затоа, Спасовски во министерскиот кабинет единствено претставува срам за македонската полиција.

zaev_vo_diva_naselbaДодека тој се занимава со партизација на министерството, прашањето за безбедноста на терен станува предизвик. Однесувањето на Спасовски е „прочитано“ од сите оние кои чекаа ваков момент во државата за да може непречено да работат спротивно на законите и притоа да минуваат неказнето.

fbstatus-mvr-640x302Денешниот пример со нападот врз претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров е само последица на таквото однесување. Однесувањето на полицијата, всушност на партиските функционери кон Едмонд Темелко, даде пример како треба да се „справуваат“ оние на кои им пречи Петров и неговите иницијативи поврзани со македонскиот корен. И, секако, надеж дека ќе минат неказнето. Ако се земе предвид дека Петров е нападнат на пладне, се знае и напаѓачот, а МВР дури по осум часа вели дека „работи на расчистувањето“, сериозно се поставува прашањето до кога Спасовски мисли да си поигрува со безбедноста на граѓаните и на државата? Особено додека неговите кадри, како Зоран Блажевски, самостоен инспектор во полициска станица Чаир, ликуваат по тепањето на Петров, со закани дека така „ќе завршите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top