| четврток, 6 декември 2018 |

Јоко Оно во болница

Вдовицата на поранешниот член на Битлси Џон Ленон, Јоко Оно, e хоспитализирана во петок вечер во Њујорк, објавија медиумите. Нејзиниот издавач Елиот Минц, за медиумите рече дека таа е сместена во болница заради грип по совет на нејзиниот лекар.

Американската мрежа „Си-би-ес“ претходно објави дека Оно, која неодамна наполни 83 години, е одвезена во болница заради можен мозочен или срцев удар.

Минц демантираше дека претрпела удар, додавајќи дека има информации дека ќе биде пуштена од болница во сабота. Таа го повика својот лекар, кој ја посоветува да оди во болница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top