Официјална Атина го одби барањето на австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер да ја посети Грција следната недела, во услови на растечки тензии меѓу двете членки на ЕУ поради строгиот пристап на Виена во соочувањето со емигрантската криза во Европа.

Како што јави МИА, дипломатски извори за „Катимерини“ изјавиле дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас рекол дека Австрија прво мора да ги повлече унилатералните мерки договорени на состанокот со балканските држави во Виена.
Грција, која не беше поканета на средбата, ја обвини Австрија за „непријателски чин“, а вчера беше отповикан и грчкиот амбасадор во Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


