Во рудникот за јаглен во градот Воркут на рускиот Арктик денеска се случи несреќа и поради одрони заробени останаа 90 рудари, соопшти регионалниот огранок на руското Министерство за вонредни ситуации. Агенцијата ТАСС пренесува дека во тек е евакуација. Засега нема информации дали некој е повреден во оваа несреќа.
„Одроните во рудникот се пријавени околу 15 часот по московско време (13 часот според средноевропско време). Можно е во рудникот моментално да се наоѓаат околу 90 луѓе. Во тек е нивно извлекување на површината“, соопшти Министерството.
Рудникот Севернаја е во сопственост на рударската компанија „Воркутаугол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.