| четврток, 6 декември 2018 |

Мумбаи: Воведени забрани за селфи во одредени зони

Вториот град по големина во Индија, Мумбаи воведе забрана за селфи во 16 зони во градот поради низа несреќи кои се случија додека одредени лица се обидувале сами да се фотографираат со мобилниот телефон.

Индија е сопственик на неславниот светски рекорд кога станува збор за бројот на загинати лица при обид да се фотографираат со мобилен телефон.

Во 2014 година ширум светот се забележани 49 смртни случаи од кои 19 биле во Индија.

Поради овие податоци полицијата во Мумбаи повеќе зони ги забрани за правење селфи, посебно оние покрај брегот каде што нема ограда.

Секој оној што нема да ја послуша забраната ќе биде казнет со 18 долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top