Вчера попладне во 16.10 часот на регионалниот пат Битола-Демир Хисар се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А. (47) од Битола и автобус „форд транзит“ со битолски регистарски ознаки, управуван од З.Д. (47) од Битола.
Во незгодата возачот на автобусот З.Д. се здобил со тешки телсни повреди, фрактура на чашка од лево колено, пукнатина на скочен зглоб и посекотина на колено, и е пренесен и задржан на лекување во Клиничката болница во Битола.
Со телесни повреди се здобиле 10 лица, патници во автобусот, кои по укажаната лекарска помош во битолската болница се пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст