| четврток, 6 декември 2018 |

Пентагон ја шокираше Србија: Српските дипломати не се убиени од американски бомби

srbi libija

Пентагон ги отфрла тврдењата дека двајцата киднапирани српски диплимати загинале во воздушните напади на американската авијација во базата на ИД во Либија.

Портпаролот на Пентагон Џев Дејвис рекол дека по анализите на фотографиите на базата на џихадистите и телата на двајцата државјани на Србија е утврдено дека не постојат докази кои укажуваат дека Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ биле убиени во нападот.

Тој прецизирал дека не постои ништо што укажува дека смртта на двајцата дипломати е резултат на бомбардирањето.

Според неговите зборови, телата сигурно би биле во многу полоша ситуација ако лицата биле убиени во масовните воздушни удари.

– Тоа не се поклопува со тоа што ние го очекуваме, односно како очекуваме да изгледаат остатоци од човечко тело по удари со таква сила, рекол тој додавајќи дека Пентагон ги анализирал фотографиите на телата, нападот и  причинетата штета.

Службениците во амбасадата на Србија во Либија загинаа во американското бомбардирање на упориштата на ИД во градот Сабрата во Либија. Тие беа киднапирани во ноември лани од колона возила во која бил и српскиот амбасадор Оливер Потежица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top