| четврток, 6 декември 2018 |

Српските безбедносни служби со зголемена готовност поради бегалците

Сите српски безбедносни служби се во состојба на зголемена готовност, а на претседателот на Србија, Тмислав Николиќ му е препорачано да свика седница на Советот за национална безбедност со цел да се утврдат начините за одговор на „се посложената ситуација со мигранстаката криза во регионот“, соопшти синоќа српскиот министер за правда Никола Селаковиќ.

– За да обезбедиме повисоко ниво на безбедност на земјата ќе ја вклучиме и армијата, а во состојба на целосна готовност се сите безбедносни и разузнувачки служби, како и војската и полицијата. Нивна заедничка задача е да ги заштитат границите на Србија, изјави Селаковиќ за Б92.

Селаковиќ во изјавата ги отфрли како неточни тврдењата дека Србија би можела да подигне огради и ѕидови на своите граници, нагласувајќи дека земјата кон сите бегалци и имигранти „и натаму ќе се однесува хумано, но ќе се штити себе си и своите национални интереси“.

Тој посочи дека ваквите зголемени безбедносни мерки Србија ги презема затоа што меѓу луѓето кои се појавуваат на границите долж балканската бегалска рута има се повеќе економски имигранти.

Во меѓу време, како што јави српската државна телевизија РТС, вчера во Белград дошло до два инциденти меѓу имигранти, при што е повреден еден малолетник по потекло од Мароко.

Според полицијата, Мароканецот се здобил со убод од нож, кога кај белградската меѓуградска автобуска станица бил нападнат од група имигранти од Алжир, кои сакале да го ограбат.

Вториот инцидент се случил во паркот во близина на меѓуградската автобуска станица, кога дошло до тепачка меѓу две групи имигранти во која учествувале повеќе лица. Причините за тепачката, како и потеклото на имигрантите не се соопштени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top