Фудбалерите на Брага се првите кои обезбедија пласман во осминафиналето на фудбалската Лига Европа.
Португалскиот тим попладнево пред својата публика одигра нерешено 2-2 во реванш натпреварот од шеснаесетинафиналето против швајцарскиот Синон, со што ја сочува предноста од 2-1 остварена на првиот меч на гостински терен.
Гостите во два наврати имаа водство со головите на Теофанис Гекас (16 и 29 минута), но португалската екипа двапати успеваше да го израмни резултатот со погодоците на Хесуе од пенал (27) и Никола Стоиљковиќ (48). Со вкупен резилтата 4-3 Брага се пласира во осминафиналето. Кој ќе и се приклучи таму ќе се знае утре по одигрувањето на преостанатите петнаесет реванш дуели.
Потсетување на двојките и постигнатите резултати на првите средби:
Четврток
17 часот Локомотив Москва – Фенербахче (0:2),
од 19 часот
Баер Леверкузен – Спортинг Лисабон (1:0),
Краснодар – Спарта Прага (0:1),
Лацио – Галатасарај (1:1),
Ливерпул – Аугсбург (0:0),
Атлетик Билбао – Олимпик Марсеј (1:0),
Шалке – Шахтјор Донецк (0:0),
Рапид Виена – Валенсија (0:6),
од 21:05 часот
Базел – Сент Етијен (2:3),
Наполи – Виљареал (0:1),
Олимпијакос – Андерлехт (0:1),
Молде – Севиља (0:3),
Манчестер Јунајтед – Митјиланд (1:2),
Порто – Борусија Дортмунд (0:2) и
Тотенхем – Фиорентина (1:1).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


