Барањата за редуцирање на бранот мигранти ќе претставуваат дополнителен сериозен товар за земјите долж мигрантската рута и особено за Македонија која е ставена во незгодна позиција да делува како надворешна граница на ЕУ и да мора да воспостави кредбилен систем за регистрација на својата граница иако мигрантите пристигнуваат од земја членка на Шенген која воедно е безбедна за прием на барателите на азил.
Ова го истакнал министерот за надворешни и внатрешни работи Никола Поповски на денешната конференција „Заедничко управување со миграцијата” во Виена на која учествуваа министрите за надворешни и внатрешни работи на земјите долж Западно-балканската мигрантска рута.
Како што соопшти МНР, Поповски потенцирал дека ЕУ треба веднаш да се соочи со реалноста на терен доколку сака да изгради заедничко договорено решение.
– Република Македонија е веќе на удар со оглед дека се соочува со зголемен притисок на јужната граница, но и спротивен проток на мигранти од север при што 700 мигранти од Авганистан се заглавени на македонска територија, посочил министерот, предочувајќи дека најдобро решение би било сите напори на ЕУ за регистрација, привремен престој, транзит и враќање да се концентрираат во Грција.
Според Поповски, во меѓувреме, со оглед дека ниту една од транзитните земји нема капацитет сама да се соочи со ситуацијата, од исклучително значење ќе биде да се зајакне координацијата, меѓусебната комуникација и да се избегнат унилатерални чекори.
Заблагодарувајки се на досега добиената билатерална помош, шефот на македнската дипломатија упатил повик да продолжи подршката за Македонија во смисла на човечки и технички капацитети за што поуспешно да се справи со процесот на скрининг на својата граница. Во оваа насока, како што истакнал Поповски, од исклучително значење ќе биде обезбедувањето линк и пристап до Еуродак базите на податоци на ЕУ.
Македонија е најзаинтересирана да има добра соработка со Грција и таа да учествува и да биде дел од решението, порачал македонскиот министер.
– Доколку сите заеднички потфрлиме во овие напори и не се преземат потребните чекори, само се скратува денот кога секоја од засегнатите земји ќе почне да делува самостојно, штитејќи ги своите национални интереси. Ова ќе биде поразително сценарио со оглед дека ќе ги стави под ризик долгогодишните придобивки и вложувања во безбедноста на регионот и неговите европски аспирации, дециден бил Поповски.
Подвлекол и дека конференцијата се случува во вистински момент со оглед на сигналите дека земјите членки на ЕУ кои се посакувана дестинација, полека го достигнуваат својот капацитет за прием и се погласно бараат ограничување на протокот на мигранти.
Министерот за надворешни реботи никола Поповски учествувал на конференцијата по покана на министрите за надворешни и внатрешни работи на Австрија, Себастијан Курц и Јоана Микл Лајтнер. Целта на конференцијата била да се разговара за предизвиците и начините за изнаоѓање сепфатен и координиран пристап меѓу засегнатите земји кој истовремено ќе обезбеди меѓународна хуманитарна заштита на бегалците од воените подрачја, но и зајакната гранична контрола за спречување на премините од страна на лицата кои не потпаѓаат под оваа категорија, информира МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст