| четврток, 6 декември 2018 |

Потрагата заврши: Пронајден е Чичаковски, ја прочистува Индија

dik 2016 6 (Large)

Добри вести за светската демократија – пронајден е Александар Чичаковски, претседателот на македонската ДИК.

Во изминатите неколку денови медиумите попусто се обидуваа да стапат во контакт со Чичаковски кој освен што е претседател на Државната изборна комисија е познат и како редовен посетител на митинизите на Бранко Црвенковски.

По информацијата на добро упатени извори во ДИК, Чичаковски е пронајден во Њу Делхи, Индија, каде заминал со цел да и помогне на тамошната изборна комисија да го прочисти избирачкиот список.

Чичаковски според информациите престојува во Индија по покана на тамошната опозициска партија како меѓународен експерт со цел да ги тргне сомнителните 100 милиони фантомски гласачи кои се појавиле во Мумбаи и десетина села долж бреговите на Ганг.

People-Of-IndiaВо моментот Чичаковски ги вкрстува дата базите, а следната фаза е да направи теренска проверка на избирачките списоци. Според информациите, Чичаковски побарал дополнително време за детална проверка до 2037 година, иако првично ветил дека списокот ќе успее да го прочисти до 2028 година.

„Ова ќе бидат единстените кредибилни избори кои се одржани во Индија последните децении. Тоа ќе го направиме благодарение на сесрдната и експертска помош на македонскиот генијалец за прочистување Александар Чичаковски“- изјави опозициониот лидер од Индија Зашбега Шодиз Бори.

Чичаковски според информациите од нашата ДИК земал боледување со цел да го покрие отсуството во наредните 21 година. Ова значи дека изборите кои беа закажани за 5-ти јуни веројатно нема да може да се одржат во наредните 20-тина години. Бидејќи СДСМ во овој период цело време ќе биде во опозиција, Чичаковски ќе падне болен, па веројатно барањето ќе му биде одобрено.


Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top