Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли ги одложи изборите во Сирија.
Оваа интервенција на дипломатската мисија на САД во Македонија е во соработка со сиријската амбасада на САД, откако вчера проструи информацијата дека според проценката на меѓународната заедница Сирија е подготвена за избори на 13-ти април, а Македонија не е подготвена за избори на 24-ти април.
Македонската јавност коментираше дека е смешно странските фактори да дадат амин за избори на 13-ти април во Сирија која е во војна и од која се раселени милиони лица, а да го спорат 24-ти април, датумот кој беше предвиден за изборите во Македонија поради, како што кажа Џес Бејли, недоволното време за процесот на прочистување на избирачкиот список.
За да вметне баланс во перцепцијата на јавноста во врска со работењето на американските амбасади, Бејли се слушнал со неговиот колега во Сирија и инсистирал и изборите во Сирија да бидат одложени исто како и тие во Македонија кои наместо на 24-ти април ќе се одржат на 5-ти јуни.
Амбасадорите на крај се договориле за одложување и на сиријските избори на 13-ти април кои сепак ќе се одржат на истиот ден, но наместо да започнат во 07 часот наутро, ќе бидат одложени до 07:30, што според нивното мислење е доволно време да се прочисти избирачкиот список во Сирија.
Со ова, сметаат блиски извори до амбасадорот, исполнети се сите предуслови граѓаните и на Сирија и на Македонија да продолжат да веруваат во добронамерноста на американските амбасадори и непристрасните одлуки кои ги носат и се во најдобар интерес на Сиријците и Македонците.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст