| четврток, 6 декември 2018 |

Бејли: Заев со песна ќе оди на избори

595bcfa8-0a8c-4f40-9a09-66dfffcd01e2

Американскиот амбасадор на прес-конференција пред седиштето на СДСМ соопшти дека, конечно, по сите перипетии и разногласија, Зоран Заев се согласи да оди на избори. Бејли со познатата сценографија од ЕУ-амбасадорските статисти зад себе, со гордост соопшти:

-Среќен сум што ви соопштувам дека СДСМ со песна ќе одат на избори. Лидерот Заев ми соопшти дека, у ствари, никогаш и немало проблем со избирачкиот список. Воедно, Заев ми призна дека гледано бројчано, тие имаат поголем број медиуми на своја страна од ВМРО-ДПМНЕ. И финансиите не им се проблем, Соросникад нема да пропадне. Проблем нема. Ми призна и дека како мал два пати добро го истепале кога го фатиле како краде неотровникраставици од нивата на комшијата во Муртино.

На новинарско прашање дали е вистина информацијата, што проструи низ јавноста, дека го натерале да оди на избори уценувајќи го со само четврт снимен разговор, Бејли одговори:

-Хмммм… Глупости. Нема снимени разговори со Заев, снимана е само власта, инсталациите на Верушевски немале наредба да го снимаат него. Така ни кажаа, нели, ние не знаеме. Башка, смирен човек ко Заев сигурно не би кажал ништо лошо на телефон, а тој никогаш нема ни  излажано – прашајте го и него. У ствари немојте, за два саата ќе се демантира. Друго прашање, ве молам!

За наводниот притисок и молби од српска страна, од агенцијата „Раскин &Хант“, да му дадат уште, макар, пола година фора на Заев за да стигне до рејтинг од барем 8% Бејлидециден:

-Ми се јавија со зборовите „ЏесБејли, џес брате!“, ама јас им кажав дека не сум магионичар и оти тој рејтинг на го дига ниту ЦИА, МИ6, БНД или која било од братските ни служби. Мада, ништо не е готово додека „дебелата дама не запее.“  А таа пееше и потона со „Титаник“, оти не е така милозвучна и ваљда е непретприемчива за увото на македонскиот народ. А на англиски, убаво звучеше, исто како и шалите на ВанХауте. Мада и тој претера со мачките. Ние Америкаците сме повеќе по кучињата и коњите.

И додека сите 10 амбасадори од ЕУ послушно климаа со главите, одобрувајќи го кажаното од него, Бејли заврши со коментар дека Заев, всушност, се отворил и му рекол дека немало проблем да одат и на 24 март, не април, море у февруари ќе оделе –Бејли и Орав требало само да побараат. Во соопштението до јавноста, кое следуваше по пресот,  дипломатскиот кор посведочи дека крајниот муабет на лидерот на СДСМ никој не го ни разбрал, поради фактот што, очигледно, по глумата и преправањето пукнал и почнал од возбуда да зборува на струмички. По безуспешните обиди, преведувачот и другиот дел од врхушката на СДСМ се нашле во небрано, па сите по 10 минути драма ја напуштиле канцеларијата каде останал само Заев со Шеќеринска, која се обидувала да го смири со муабет дека добила уверување од амбасадорите оти издејствувале македонските власти барем половина година да не се мешаат во струмичките тендери. По оваа вест,  лидерот длабоко  воздивнал и се смирил, викнал да го донесат итно медиумскиот му гуру и екс прецедник на ЗНМ, кој му делувал ко апауринче и кој го смирил лежејќи му крај нозете и со умилен глас раскажувајќи му ги последните шеги на белгискиот олеснувач.

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top